Екипата на Аталана не успеа да ја победи претпоследната екипа во Серија А, па во својот дом одигра без голови против Венеција (0-0).
Ова е удар за тимот на Џанпјеро Гасперини во трката за скудетото, односно вака не може тим да се бори за трофејот во едно првенство. Колку и домаќинот да беше подобар, не успеа да го скрши гостинскиот отпор и мораше да се задоволи со бод, што е проблем особено во колото кога првиот и вториот играат меѓу себе.
Аталанта имаше шанси во првиот и вториот дел, се закануваа Лукман, Ретеги, Запакоста, Де Кетеларе… Сепак, Венеција добро го одбрани својот гол.
Аталанта со евентуална победа ќе се израмнеше со водечкиот Интер кој во 18:00 игра против Наполи.