Слот може да го мине Клоп и да влезе во историјата

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул игра перфектна сезона во Премиер лигата и досега има само еден пораз.

Веќе „црвените“ имаат 13 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал и меч повеќе. Математички Ливерпул може доста рано да ја обезбеди титулата, ама за такво нешто му требаат неколку киксови на тимот од Лондон.

Арне Слот има шанса да постави рекорд и да дојде до трофејот најбрзо од било кој тренер во историјата на Ливерпул. Во моментов на врвот е Јирген Клоп кој во 2019/20 седум рунди пред крајот на шампионатот се радуваше на трофејот.

За такво нешто да се случи на петти април, Ливерпул мора да ги победи Саутемптон и Евертон дома, меѓутоа мора да дочека и три порази на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани