Италијанскиот стратег Џан Пјеро Гасперини не крие дека сонува да седне на клупата на Јувентус.
Своевремено во кариерата како фудбалер, Гасперини беше дел од „старата дама“ во младинските категории од 1994 до 2003 година и сонува да се врати како тренер на првиот тим на најтрофејниот италијански клуб.
„Враќање во Јувентус по 20 години би била круна на мојата кариер“, призна Гасперини.
Интересно е што сегашниот спортски директор на Јувентус, Кристијан Џунтоли се обидуваше да го доведе во Наполи, но тогаш преговорите пропаднаа. Сега во Јувентус, Мота нема најдобри резултати, па во наредниот период клубот можеби и сериозно да размисли за ангажман на Гасперини.
Исто така, Гасперини неодамна најави дека нема да го продолжи договорот со Аталанта и ќе си замина или на крајот на актуелната сезона или по наредната.