Мурињо може да добие суспензија и од шест месеци?!

by Стефан
1 минути читање

Португалецот Жозе Мурињо според последните најави од Турција би можел да заработи суспензија и до шест месеци.

Викендов се играше дербито во турското првенство помеѓу Галатасарај и Фенербахче, а по него имаше бурни реакции надвор од теренот.

Од Галатасарај го обвинија Мурињо за расизам поради неговиот коментар во кој скокањето на клупата на ривалот го спореди со „мајмунско однесување“. Португалецот исто така ги навреди и турските судии сакајќи да го пофали словенечкиот арбитар Славко Винчиќ кој делеше правда во дербито.

Галатасарај најави и дека е започната судска постапка, а подготвени се да реагираат и во ФИФА и УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани