Нокаут на фудбалски терен каков што ретко се гледа и во боксерски ринг! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На мечот во ургувајската лига меѓу Пајсанд Интериор и Соријано Капитал се случи инцидент кој го заобиколи светот.

Фудбалерот Марио Гонзалес е во фокусот поради насилно однесување, тој пред крајот на мечот влезе во конфликт со противничките играчи, па на неверојатен начин го нокаутираше Енцо Ечевесте.

Тој доби директен црвен картон, а ударот е за долга суспензија.

Се чини дека во Јужна Америка поинаку се третираат тепачките на теренот, па нокаутираниот Енцо излезе со многу блага изјава.

„Да заборавиме на тоа што се случи. Сè е во ред. Мора да се фокусираме на следниот натпревар. Ова ќе го оставиме зад нас. Им благодарам на сите кои беа загрижени и ми упатија пораки. Добро сум“, рече фудбалерот кој го прими силниот удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×