Официјално: Ван Перси стана тренер на клубот каде што ја почна кариерата!

by riste
1 минути читање

Како што и претходно беше најавено, Робин Ван Перси е нов тренер на Феенорд, тоа е клуб кој буди посебни емоции кај Холанѓанецот.

Ван Перси е роден во Ротердам и откако помина две години во младинската школа на Феенорд, се случи и неговото сениорско деби во овој клуб во 2001 година, таму играше три години пред да се пресели во Арсенал. Напаѓачот ја заврши и кариерата во Феенорд каде играше во сезоната 2018-19.

Сега се враќа во клубот како прв тренер.

„Воодушевени сме што ја именувавме нашата легенда за нов тренер. Робин одлично го познава клубот и знае што е потребно за да имаме добри резултати. Визијата која ја има се поклопува со тоа што клубот располага во овој момент“, изјави генералниот менаџер на клубот, Денис Те Клесе.

Среќен е и Ван Перси.

„Навивачите и сите блиски до клубот знаат каква е мојата врска со Феенорд. Многу се радувам што ќе работам со оваа посебна група фудбалери и се надевам дека ќе имаме успех“, изјави Ван Перси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×