Дали ова ќе му се брои како асистенција? Смешен автогол во режија на Мењон и Чао (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Мењон

Милан губи со 0-1 на полувремето против Торино, гостите имаат очајни први 45 минути откако си постигнаа автогол, а потоа не реализираа пенал за 1-1.

„Росонерите“ во вторникот киксираа против Феенорд дома и беа елиминирани во Лигата на шампиони, а се чини дека шокот се уште владее во тимот на Милан.

Вечерва на гостувањето кај Торино, по само 5 минути игра падна смешен автогол во режија на Мењон и Чао.

Голманот истрча да расчисти една топка, но само го погоди својот соиграч, од кого топката се одби и заврши во мрежата.

За мизеријата да биде поголема, Милан имаше прилика да се врати во игра по половина час, но Пулишиќ промаши пенал за 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×