Moта веќе не е сигурен во Јувентус: Столчето сериозно му се тресе

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Јувентус вчера доживеа пораз од ПСВ со што уште во плеј-офот за осминафиналето го заврши настапот во Лигата на шампионите.

Елиминацијата од најелитното европско натпреварување како што пренесуваат италијанските медиуми сериозно ја загрозува работата на тренерот Тијаго Мота.

Имено, „Газете дело спорт“ пишува дека Мота би можел да добие отказ уште пред завршувањето на актуелната сезона.

Јувентус претходно беше елиминиран и од Суперкупот во полуфиналето од Милан, додека во Серија А на четвртото место веќе има големо заостанување зад лидерот на табелата. Така ако се погледне ситуација единствена реална шанса за трофеј сезонава за „старата дама“ останува Купот на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×