1,1K
Манчестер Јунајтед објави финансиски извештај за претходната година, а меѓу другото тука има и информации за отказот на Ерик Тен Хаг.
Холанѓанецот доби отказ во октомври, а тоа многу добро го наплати. Тен Хаг и неговите соработници добија 12,5 милиони евра од клубот за отказот. Тој доби отказ три месеци откако доби нов договор до 2026 година.
Покрај тоа, Јунајтед му исплати пет милиони евра и на Ден Ешворт кој кратко работеше како спортски директор на клубот.