Фенербахче крои планови за Елмас, Ван Перси ќе биде „жртвеното јагне“ во случајот со Македонецот?

by
1 минути читање

Фенербахче не
успеа во првиот обид да добие дозвола од ФИФА да го регистрира Елиф Елмас во
тимот иако се уште е малолетен, првично, според правилата нашиот 17 годишен
суперталент требаше да чека до јануари, кога нема да има никакви пречки да биде
регистриран во зимскиот преоден рок.

На 27 септември нашиот
фудбалер ќе наполни 18 години, а според информациите кои пристигнуваат од
Турција, тамошните медиуми шпекулираат дека Фенербахче крои планови како побрзо
да ја реши ситуацијата со Елмас, за да не чека до јануари.

Фенербахче има 15
странци во својот тим, со последното засилување Јансен. Во моментов тимот од
Истанбул го скрати списокот на 14 странци, што е максимум на дозволена бројка,
а меѓу нив е и искусниот холандски напаѓач Робин Ван Перси.

Се шпекулира дека
доколку Фенербахче добие посебна дозвола од ФИФА овој месец за Елмас, Ван Перси
ќе биде „аут“, а за тоа говори и сериозната повреда на Холанѓанецот на
натпревар за својата селекција, за која се предвидуваше дека ќе биде вон
фудбалските терени речиси една година.

 

Извор: sporx.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×