Македонскиот
репрезентативец Илија Несторовски имаше сезона за паметење лани, беше вистински
предводник на Палермо, но за жал неговите блескави партии не му помогнаа на
неговиот тим да избори опстанок во Калчолигата.
Ова лето нашиот 27 годишен напаѓач
беше во фокусот на вниманието откако го привлече вниманието на повеќе екипи од
Европа, а претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини ја откри сумата и
причината поради тоа што клубот дал негативен одговор на сите понуди до неговиот клуб.
„Торино прашуваше
за Андреа Рисполи и Илија Несторовски. Но, не можам да ги продадам нив заради
тоа што сакаме Палермо да се врати во Серија А“ вели Зампарини.
„Шпекулациите кои
беа поврзани со нас во однос на можен банкрот на клубот се апсолутно неточни. Во
текот на летото одбив 25 милиони евра, вкупно, за тие фудбалери, бидејќи
сакам да го вратам клубот онаму каде што припаѓа“ додаде тој обелоденувајќи ја сумата која ја одбил за посакуваните фудбалери во неговиот табор.