Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ изминатово лето се пресели во Леванте од Ујпешт и за кратко
време се здоби со репутација на голем мајстор за изведување на слободни удари.
На подготовките
за новата сезона тој ги матираше Кадиз, Виљареал и Елче, а во ист стил продолжи
и на стартот од Примера, кога постигна еврогол против Депортиво.
Па во пресрет на
дуелот помеѓу Реал Мадрид и Леванте, тој е во фокусот на двата најголеми
весници од престолнината на Шпанија.
АС вчера го
нарече Енис Барди новиот Дејвид Бекам, а потоа Марка го најави како „снајперот“
од Леванте.
Марка исто така
имаше и кратко интервју во кое Македонецот вели: „Слободните удари ми се
одлично оружје. Доколку ми се укаже шанса ќе се обидам да му помогнам на тимот
и да погодам. Гледам дека противниците се обидуваат да бидат претпазливи пред
својот шеснаесетник и да не прават прекршоци”.
Кога Леванте го
промовираше Енис Барди како ново засилување, играчот откри дека идол му е
Кристијано Роналдо, но тој денеска нема да игра против Португалецот бидејќи ЦР7
е суспендиран.
„Секако дека е
добро за нас тоа што Роналдо нема да игра бидејќи постигнува многу погодоци, но
тие имаа и други алтернативи, тука се Бензема, Бејл, Иско и уште неколку добри
играчи. Опасни се на сите позиции. Би сакал да го сретнам Роналдо на теренот и
од прва рака да видам како игра”.
За средбата на
Бернабеу, тој додава: „Ќе биде тежок натпревар, но ќе се бориме и ќе се обидеме
да го изненадиме противникот. Не знам дали ќе ми се укаже шанса, но сакам да
погодам од слободен удар, посебно е чувството да се погоди против Реал Мадрид.
Се работи за голем клуб и огромна е мотивацијата да се игра птотив нив”.