Вардар „на тацна“ доби целосна слика за својот прв противник во Лига Европа, стратегијата на Манчини е „соголена“!

by
1 минути читање

Дел од медиумите
во Русија денес пишуваа на тема „Како игра Зенит под кормилото на Манчини“, па
така Гоша Чернов за „Спорт Експрес“ ги анализираше тактичките варијанти на
италијанскиот фудбалски стратег речиси во сите сегменти на играта, од формациската
поставеност, до фазата во игра во дефанзива, исто и во офанзива.

Некои сметаат
дека 4-4-2 веќе е старомодна, па се користат разно разни формациски варијанти
на поставеност на фудбалерите кои нудат многу опции, како за тренерот, така и
за самите фудбалери. Сега во „мода“ се 4-2-3-1 и 4-3-3, бројни варијации се
употребуваат за дефанзивната линија, а самиот Манчини сепак докажа дека 4-4-2
исто може да биде ефективна, дури и во ваков период. Клубот од Санкт Петерзбург
само еднаш почна сезонава во формациска поставеност поинаква од омилената на
Италијанецот
“ пишува во анализата.


Формациската
поставеност на Манчини за тимот на Зенит, воедно и фудбалерите кои ги преферира


Офанзивната игра
на рускиот тим најмногу доминира на десната страна, левата е за нијанса
понеупотребувана, а најнекорисна е средината, барем така покажуваат статистичките
податоци


Тоа што се покажа
на претходната фотографија, се потврдува на оваа, постојано Зенит во офанзивата
негува игра по крилните страни, речиси никогаш не игра во средишниот дел во
фазата на напад на противничките екипи во нивната половина

Постојат повеќе
статистички податоци кои во голема мера би му помогнале на нашиот шампион во
двомечот со Зенит, а целата анализа која е доста обемна, а се однесува на играта на рускиот тим под кормилото на
Роберто Манчини можете да ја проследите – ТУКА.

Вардар го
пречекува Зенит во Скопје во првиот меч од ова натпреварување идниот четврток.

 

Извор/Фото:
sport-express.ru

Можно е и ова да ти се допаѓа

×