АС: Новиот Дејвид Бекам, игра за Леванте – Енис Барди! (ФОТО)

by
1 минути читање

Македонскиот
интернационалец од редовите на шпански Леванте, Енис Барди викендов ќе им се
спротистави на ѕвездите на Реал Мадрид, натпреварот од третото коло во Ла Лига
се игра утре (13,00) а шпанските медиуми во фокусот на вниманието го ставија
токму нашиот офанзивец.

Македонецот е
познат по своите мајстории од слободни удари, секогаш е на нивото да ја
искористи дадената шанса да ги загрози противничките голови во тие ситуации, а
за тоа пишуваше шпански „АС“ кој во најавата за утрешниот меч на „Сантијаго
Бернабеу“ излезе со интересен наслов, поврзан за нашиот фудбалер.

Енис Барди,
новиот Дејвид Бекам игра за Леванте
“ пишува во својот наслов шпанскиот медиум.

Постигна четири
погодоци досега, Барди го напушти Ујпешт од
Унгарија, и станува збор за фантастичен фудбалер кој доаѓа од Македонија

додава „АС“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×