„Пред секој натпревар разговарам со мајка ми која почина пред четири години“

by Стефан
1 минути читање

Стратегот на Клуб Бриж, Ники Хејен го привлече вниманието со својата изјава пред вечерашниот натпревар против Аталанта.

Клуб Бриж ја изненади Аталанта во првиот натпревар и славеше победа со 2:1 и вечерва ќе се обиде да обезбеди место во осминафиналето.

„Секогаш и пред секој натпревар разговарам со мајка ми која почина пред четири години. Минатата година пред плеј-офот и кажав дека сакам да направам нешто лудо и на крајот ја освоивме титулата. Дали сум премногу религиозен? Не, но чувствувам дека тоа е нешто што ме радува. Морам да верувам во нешто, сакам да верувам дека нешто постои“, изјави Хејен.

Натпреварот помеѓу Клуб Бриж и Аталанта на програмата е од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×