170
Работнички денеска го објави трансферот на Гофри кој бил комплетиран во последниот ден од преодниот рок.
„Работнички во последниот ден од летниот преоден рок го комплетира трансферот на нигерискиот интернационалец Чарлс Чинеду Гофри. Се работи за 19-годишен напаѓач кој потпиша едногодишен договор со нашиот клуб, а доаѓа од албанскиот прволигаш Скендербег“ – стои во соопштението на Работнички.
Гофри веќе тренира со тимот и може да биде подготвен за неделното гостување во Чаир против Шкупи, меч кој се игра од 16 часот во рамките на четвртото коло од македонската прва лига.