Винисиус стана ко-сопственик на европски клуб

by Стефан
1 минути читање

Винисиус Жуниор како и својот соиграч од Реал Мадрид, Килијан Мбапе стана сопственик на фудбалски клуб.

Имено, Бразилецот купи акции и стана ко-сопственик на португалскиот второлигаш Алверце откако поранешниот сопственик Рикардо Викнтин го продаде својот дел.

„ФК Алверце објавува дека Ррикардо Викинтин го продаде својот дел во јавно друштво со ограничени одговорности на шпански и бразилски инвеститори“, стои во клупскиот сајт.

Новите сопственици на клубот според најавите ќе бидат претставени во наредните неколку недели. Се напоменува дека станува збор за конзорција на шпански и бразилски инвеститори меѓу кои е и Винисиус.

Во овој момент Алверце е второпласирана екипа во втората португалска лига и има добри шанси за пласман во португалската елита.

Ќе потсетиме, Мбапе минатото лето вложи околу 20 милиони евра во францускиот Каен кој се натпреварува во втората француска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×