1,3K

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Реал Мадрид ја разгледува можноста за напуштање на шпанскиот фудбал.
Од таборот на Реал Мадрид беа бесни на судењето на мечот против Осасуна кој заврши нерешено 1-1.
„Спорт“ тврди дека работата отишла дотаму што Флорентино Перез сака да ја напуштат Ла Лига.
Причината е лошото судење, но и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас со кој е во постојан конфликт.
Иако статијата на весникот изгледа сериозно, темата е несериозна и надвор од реалноста.
