Вардар по барање на тренерот Чедомир Јаневски го комплетира стручниот штаб со две нови имиња, неговиот соработник од Белгија, Стефан ван дер Хејден, и Мане Манев кој ќе биде тренер на голманите.
Ван дер Хејден како помошник работеше во Бриж, Локерен и Беверен. Како играч го носеше дресот на неколку белгиски клубови, настапуваше и во француското првенство за тимот на Лил, има и неколку настапи за белгиската репрезентација.
Мане Манев беше тренер на голманите во повеќе екипи во Македонија, меѓу кои и Вардар, а досега работеше во младинските категории на македонскиот шампион. Беше тренер на голманите и во македонската репрезентација.
Од Вардар заминува Саша Илиќ кој досега беше тренер на голманите. А во стручниот штаб и понатаму остануваат Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ.
Влахо во иднина ќе работи на скаутинг и на анализа, додека Васоски останува асистент на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски. Михајло Костиќ работи како кондициски тренер на екипата, и се грижи за физичката подготовка на играчите.