Јунајтед падна на 15. место, но Аморим вели: Не сум загрижен!

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед вчера доживеа нов пораз во Премиерлигата откако со 1-0 загуби на гостувањето кај Тотнем.

На Рубен Аморим не му оди најдобро, тимот игра лошо и бележи лоши резултати. Во моментов Манчестер јунајтед е на 15. место во Премиерлигата.

„Не сум загрижен. Ги разбирам фановите, и медиумите што пишуваат за тоа. Мразам да губам, тоа чувство е најлошото. За останатото не размислувам. Тука сум да им помогнам на моите фудбалери. Ја разбирам мојата ситуација, мојата работа, уверен сум во мојата работа и сакам само да победувам натпревари“, вели Аморим.

„Разликата на натпреварот беше тоа што тие дадоа гол, ние не дадовме. Имавме шанси. Имавме ситуации во транзиција, се обидувавме да дојдеме до резултат, но на крајот тие дадоа гол, ние не“.

„Имам многу проблеми, мојата работа е премногу, премногу тешка тука. Но се држам до моите верувања“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани