Гвардиола пронајде решение за големиот проблем: Тој е „мини Родри“!

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити вчера одигра одличен натпревар и славеше победа против Њукасл со 4:0, а во овој натпревар посебно воодушеви Нико Гонзаелс кој во овој јануари пристигна во редовите на „граѓаните“.

Гвардиола имаше големи проблеми со составот по повредата на Родри и многумина сметаат дека токму тоа е една од главните причини за кризата која го погоди англискиот гигант со резултатите.

Но, Нико Гонзалес игра одлично и во Манчестер сити веруваат дека конечно се најде некој кој може достојно да го замени Родри.

Против Њукасл, Гонзалес средбата ја заврши со 112 допири со топка и 98 додавања и тоа беше најмногу од сите на теренот. Исто така оствари и најголем процент на успешни додавања.

Пофалби за неговиот настап доби и од Пеп Гвардиола.

„Нико Гонзалес „мини“ Рорди. Неговото присуство на теренот најмногу ни помага во ситуациите 50-50. Манчестер сити со него доби големо засилување и за во иднина“, изјави по натпреварот Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×