Сите се чудеа кога Артета кажа дека во него гледа шпиц, а Мерино му се оддолжи со два гола за победа над Лестер! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Арсенал забележа многу важна победа во Премиер лигата, на гостувањето кај Лестер Сити на „Кинг Пауер“ (0-2).

Се мачеше долго гостинот од Лондон, меѓутоа на крајот успеа да стигне до посакуваната цел – победата. Како најава за головите дојдоа шансите на Етан Нванери. Младото крило на „топчиите“ двапати ја тресеше рамката од голот на Лестер, а потоа беше и асистент на првиот гол.

Човекот кој го реши натпреварот беше Микел Мерино. Шпанскиот фудбалер во 81. минута со глава погоци по центаршут на Нванери, а потоа во 87. и вторпат го пронајде патот до мрежата за 0-2.

Интересно е дека Микел Артета пред натпреварот кажа дека токму во Мерино гледа една опција за шпицот на нападот поради бројните проблеми со повреди и отсуствата, а навивачите му се чудеа за тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани