Алексовски: Целта е да продолжиме по победничкиот пат во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Работнички гостуваат кај Шкупи во рамките на првото пролетно коло во ПМФЛ.

Пред натпреварот на „Чаир“ своите очекувања ги изнесе голманот на „романтичарите“ Игор Алексовски.

Подготвени сме за стартот на вториот дел од сезоната. Уште на почетокот нѐ очекува тешко гостување на Чаир, но ние се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Имаме респект за Шкупи, но нашата цел е да продолжиме по патот кој го трасиравме во првиот дел од шампионатот. Одиме натпревар по натпревар, без еуфорија, но со максимална посветеност и желба за победа“, изјави Алексовски.

По првата полусезона Работнички има 37 бода и е дел од водечкото трио во првенството со Шкендија и Силекс. Од друга страна Шкупи имаше турбуленции и има 22 бода на шестата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×