Винисиус Жуниор го прокоментира и провокативниот банер од навивачите на Манчестер Сити кои го удрија таму каде што најмногу боли, но на крајот зажалија.
Пред почетокот на натпреварот навивачите на Манчестер Сити извадија голем банер на трибините на кои беше Родри како ја бакнува Златната топка.
Оваа награда е болна тема за Винисиус кој се сметаше за сигурен добитник на неа, но на крајот извиси и се разочара.
На денешниот меч Бразилецот беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, заслужни за тоа се и фановите на Сити кои дополнително го мотивираа со нивниот провокативен гест.
„Го видов банерот од навивачите на Манчестер Сити и тоа ме мотивираше уште повеќе“, рече Винисиус по мечот.
„Што и да направат противничките фанови, тоа ми дава поголема сила да одиграм одличен натпревар“.
