Екс-ѕвездата на Интер за ноќта помината во притвор: Се однесуваа со мене како да сум Пабло Ескобар

by Стефан
1 минути читање

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан кој беше уапсен поради соменвање за шверц на кокаин за првпат зборуваше во јавноста за тие моменти.

Наинголан наводно соработувал со Ибрахим Ахмадун кој претходно беше поврзуван со увоз на кокаин, а во 2016 година уапсен во САД.

„Ништо не ме прашаа директно поврзано за дрогата, сакаа да знаат во каков однос сум со втората личност која ја истражуваат. Притворот е многу чудно не би сакал повторно да го доживеа. Ме претставија како дилер на дрога, а веќе 24 часа подоцна се појавив на тренингот на својата екипа. Се однесуваа со мене како да сум Пабло Ескобар, морав цела вечер да ја поминам таму иако немав никакв врска околу дрогата во кој беше вклучен мој пријател“, изјави Наинголан.

Во овој момент Наинголан е член на белгискиот Локерен, а најдобрите денови од кариерата ги помина во Италија каде што играше за Пјаченца, Каљари, Рома, Интер и СПАЛ. Од останатите клубови беше дел од: Бершот, Антверп и Бајангакара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×