1,K
Пеналот кој го доби Галатасарај против Адана крена бура во турскиот фудбал, одлуката беше толку скандалозна што фудбалерите на Адана Демирспор го напуштија мечот.
Жозе Мурињо постојано потенцира дека Галатасарај има повластен третман од судии, па Португалецот не пропушта да ги издвојува контроверзните моменти. Така беше и сега.
Мурињо објави пост кој содржеше една фотографија и две видеа.
Прво е фотографија како тој стои покрај клупата и дава поддршка на своите фудбалери, потоа следува видео со глумата на Мертенс по која беше досуден пенал за Галатасарај, па доаѓа ново видео, како Мурињо чита за Андерлехт, следниот противник на Фенербахче.