1,K
Мемфис Депај беше фатен како управува со автомобил пијан во Монако и поради тоа се појави пред судот во Франција.
Поради невнимателно возење со својот Ролс Ројс холандскиот крилен фудбалер беше запрен од полицијата, а на алкотестот му покажало дека има 1,01 промил во крвта. Поради тоа мораше пред судот и ја доби пресудата.
Депај доби четиримесечна условна казна и избегна затворска санкција. Сепак, тоа значи дека ако направи нов прекршок би можел да заврши и зад решетки.
Исто така на Депај му е забрането управување на возило во Монако, а плати и казна од 2.000 евра.