617
Манчестер Јунајтед славеше во драматична завршница против Ренџерс (2-1) на „Олд Трафорд“ во седмото коло на Лигата на Европа.
Со автогол на Џек Батленд домашните поведоа, а потоа во 88 минута Сирил Десерс израмни и тоа по голема грешка на Хари Мегваер. Некое време англискиот стопер немаше направено директен кикс и критичарите го прескокнуваа.
Сепак, сега „Лорд Мегваер“ се врати на сцената бидејќи лошо процени топка која го прелета и од таа ситуација Ренџерс израмни. Бруно Фернандеш се погрижи овој кикс на стоперот да не биде пресуден, па во судиското продолжение донесе победа.