348
Реал Мадрид како победник и освојувач на Ла Лига и Лигата на шампионите стана прв клуб кој во една сезона заработи повеќе од една милијарда евра.
„Кралевите“ во сезоната 2023/24 според официјалните информации на „Football Money League“ заработиле неверојатни 1,045 милијарди евра и беше убедливо на врвот. Овој извештај го откри ревизорската консултантска куќа Делоит.
Според неа, на второто место со речиси 200 милиони евра помалку заработка е Манчестер Сити. Приходот на „граѓаните“ за минатата сезона е 838 милиони евра, следи ПСЖ со 806, Манчестер Јунајтед со 771 и Баерн Минхен со 765.