711
Белгиската фудбалска федерација во текот на денот ќе го потврди потписот со новиот селектор кој ќе го наследи Доменико Тедеско. Германецот имаше неславна едногодишна авантура на клупата на „ѓаволите“, се скара со неколку ѕвезди и бргу заврши соработката.
Нов селектор на Белгијците ќе биде Руди Гарсија, искусниот француски стратег кој последно го водеше Наполи во 2023 година. Гарсија се договори и потпиша со тамошниот сојуз, а потврдата ќе стигне во текот на денот.
Во кариерата Руди Гарсија ги водеше екипите на Корбеил Езоне, Сент-Етјен, Дижон, Ле Манс, Лил, Рома, Марсеј, Лион и Ал Наср пред Наполи, а сега ќе се проба во селекторските води.