Фудбалерите на Динамо Загреб се пред елиминација од Лигата на шампионите, бидејќи во последното коло играат дома со Милан. Распоредот не им одеше од рака, па во вчерашниот претпоследен дуел загубија на „Емирати“ од Арсенал со 3-0.
По мечот капитенот на „модрите“ Аријан Адеми зборуваше за одиграното и го најави последниот меч.
„Поразот е тежок, а победата на Арсенал е целосно заслужена и им честитам. Константно зборувавме дека е многу важно да издржиме во првите 15-20 минути, а примивме гол по две минути игра… Доста е комплицирано да се вратите потоа, особено против таков ривал. Дури би кажал дека добро реагиравме и издржавме па ја ставивме средбата под контрола, барем така мене ми делуваше. Имавме некои добри ситуации да ги загрозиме, ама против вакви ривали мора да дадете гол за да барате нешто повеќе, а ние не успеавме.
Одиме на победа против Милан, можеме да го исполниме тоа квалитетни сме и сигурен дека ќе го докажеме тоа“, изјави Адеми.
Динамо во последното коло освен победа против Милан, мора да чека да му се поклопат уште три-четири резултати за да се пласира во плеј-офот…