903
Контроверзниот грчки бизнисмен Евангелос Маринакис би можел да додаде четврти клуб во своето портфолио.
Гркот е сопственик на Олимпијакос, Нотингем Форест и португалски Рио Аве, а сега „во око“ му падна бразилски клуб. Станува збор за Васко да Гама, за кој тамошните медиуми пренесуваат дека може да го преземе во следниот период.
Маринакис има закажан состанок со сегашните сопственици на Васко да Гама и сака да купи 70% од акциите во овој клуб.
Вредноста на Васко Да Гама е околу 300 милиони бразилски долари, а тоа се околу 50 милиони евра.