Ништо од Ла Лига: Барди останува во Турција, го менува само клубот?

by riste
1 минути читање

Иако се поврзуваше со неколку шпански клубови, капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди се чини дека ќе остане во Турција.

Според турските медиуми, тој е на чекор до договор со екипата на Бодрум која се бори за опстанок оваа сезона.

Наводно Бодрум и Барди постигнале начелен договор кој во наредните денови треба и официјално да биде потпишан.

Тренер на Бодрум е легендарниот турски голман и икона на Фенербахче, Волкан Демирел. Клубот иако постои 94 години, оваа сезона првпат игра во најдобрата турска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани