264
Напаѓачот на Селтик, Кјого Фурухаши веројатно е првиот фудбалер на кого во едно полувреме му се поништени три голови, сигурно е прв во Лигата на шампионите.
Тоа се случи на денешниот натпревар против Јанг Бојс, Јапонецот даде гол во 7., во 32., и во 34. минута. Сите три гола му беа поништени поради офсајд.
Колку беше несреќен Селтик во првиот дел стои и фактот дека во 41. минута Енгелс промаши и пенал. Првото полувреме заврши 0-0.