Аморим сака лев бек, Манчестер јунајтед има две опции

by Стефан
1 минути читање

На Манчестер јунајтед не му оди ниту со Рубен Аморим на клупата, па во клубот работат на засилувања во јануарскиот преоден рок.

Според последните информации од Островот мета на гигантот од „Олд Трафорд“ се Патрик Доргу и Алваро Карерас, двајца фудбалери кои играат на позицијата лев бек.

Доргу го носи дресот на Лече и наводно италијанскиот тим за него бара сума од 27 милиони евра.

Како втора опциај се истакнува Карерас од Бенфика, а претходно го носеше дресот на Манчестер јунајтед. Најавите се дека него би можеле да го вратат за 18 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани