Рафиња по спорната победа над Бенфика: Ако кажам што мислам, повеќе нема да заиграм во Ла Лига!

by bojan
1 минути читање
Рафиња

Напаѓачот на Барселона, Рафиња не сакаше да направи споредба помеѓу судењето во Ла Лига и Лигата на шампиони, смета дека ќе добие голема казна доколку даде свое видување.

„Каталонците“ синоќа во драматична завршница стигнаа до важна победа на гостувањето кај Бенфика и со гол во последните секунди стигнаа до победа од 4-5.

Домаќините беа бесни на судиите и сметаа дека се оштетени, бараа пенал во акцијата која претходеше на контрата која Рафиња ја реализираше за триумф на Барселона.

По крајот на натпреварот, Рафиња беше прашан да даде мислење за судиксата одлука, и да направи споредба со случувањата домашното првенество, каде Барселона често се жали дека е оштетена.

„Ако кажам што мислам, веројатно никогаш повеќе нема да заиграм во Ла Лига!“ – само порача кратко Бразилецот.

За мешаницата која настана во тунелот кон соблекувалните, Рафиња рече: „Јас сум човек кој ги почитува сите. Кога го напуштав теренот, имаше луѓе кои ме навредуваа. Возвратив на навредите, иако знам дека не требаше да го правам тоа“.

„Но јас сум личност која не сака проблемите да ги носи дома, и кога почнаа да ме навредуваат, решив да вратам со иста мера“.

„Атмосферата се вжешти, но често се случува ова кога натпреварот ќе заврши на ваков начин“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани