Уапсен 17-годишник под сомнеж дека се заканувал на Хаверц и неговата партнерка!

by 24 фудбал
1 минути читање

Каи Хаверц и неговата сопруга Софија се најдоа на удар на бесен навивач кој по елиминацијата на Арсенал од Манчестер Јунајтед во ФА Купот.

Тогаш на адреса на партнерката на Германецот стигнаа ужасни пораки на сметка на нивното неродено бебе. Тоа веднаш беше пријавено во полиција, а Англичаните го пронајдоа сторителот.

Се работи за 17-годишен тинејџер кој ги напишал заканите и ужасните пораки кон сопругата на Хаверц. Сепак, набргу по апсењето на младото момче била платена кауција и тој е пуштен на слобода, а истрагата продолжува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани