529
Бразилскиот дефанзивец Муриљо не мрда од Нотингем Форест.
22-годишниот стопер блесна во Премиер лигата, а поради тоа неговата цена драстично порасна по доаѓањето од Коринтијанс во 2023 година. Муриљо сега стави потпис на договор до 2029 година со „шумарите“.
„Нотингем Форест со задоволство соопштува дека се договори со Муриљо за нов долгорочен договор. Од доаѓањето во клубот тој стана клучен играч во срцето на одбраната на Форест и беше именуван за најдобар во нашиот клуб во првата сезона во Премиер лигата“, напишаа од клубот.
Муриљо пристигна од Коринтијанс за 12 милиони евра. Нотингем не размислува за негова продажба, ама доколку продолжи со добрите партии ќе може сериозно да заработи на Муриљо во иднина.