507
Фенербахче објави дека е постигнат договор со Астон Вила за трансферот на Диего Карлос.
Бразилскиот дефанзивец за десет милиони евра се сели во Истанбул во тимот на Жозе Мурињо. Турскиот гигант преку социјалните мрежи како и секогаш даде потврда на трансферот.
„Нашиот клуб постигна начелен договор за трансферот на Диего Карлос од Астон Вила. Бразилецот ќе дојде во Истанбул на медицински тестови и потпишување на договор“, напишаа од Фенер.
31-годишниот Диего Карлос е член на Астон Вила од 2022 година, претходно играше за Севиља, Нант, Порто, Есторил, Мадеира, Паулиста и Сао Паоло.