Фудбалерите на Бенфика и Барселона одиграа натпревар со девет гола во кој на крајот заврши со победа на домаќините од 5:4.
Гол-шоуто беше најавено по само две минути игра кога погоди Павалидис. Барселона се врати резултатски во 13. минута кога погоди Левандовски во 13. минута. Сепак веќе во 22. минута по катастрофалната грешка на Шчесни (ТУКА) Павалидис постигна втор гол за ново водство на домаќините.
Веќе по половина час игра Павалдис зад своеот име имаше хет-трик бидејќи постигна и уште еден погодок. Со предност од 3.1 Бенфика замина на паузата.
Рафиња со еден урнебесен гол каков што не сме виделе од поодамна (ТУКА) ја врати надежта за каталонскиот гигант во 64. минута. Сепак, Араухо четири минути подоцна си ја погоди сопствената мрежа.
Левандовски во 78. минута постигна уште еден гол од пенал, а во 87. минута Гарсија се погрижи за израмнување. Победата Барселона ја обезбеди буквално во последните моменти од натпреварот кога по една прилика за Бенфика, Рафиња тргна во контра и ја заврши со погодок за победа на избраниците на Флик.
Барселона со овој триумф го обезбеди и пласманот помеѓу најдобрите осум и местото во осминафиналето.
Јувентус им приреди уште едно разочарување на навивачите и одигра уште еден нерешен резултат, сега против Клуб Бриж 0:0. За Јувентус ова беше шесто реми сезонава без голови, две „старата дама“ има во Лигата на шампионите и уште четири во Серија А.
Натпреварот во Мадрид помеѓу Атлетико и Лверкузен привлекуваше внимание, a на крајот заврши со победа на домачините од 2:1. На оваа средба видовме и по еден црвен каартон на двете страни.
Ливерпул нешто потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улога и го победи Лил со 2:1.
Црвена Звезда на свој терен претрпе порз од ПСВ со 2:3. Белградскиот гигант имаше негатива по првиот дел со 0:3, а во вториот дел по црвениот картон на ПСВ постигна два гола, но тоа не беше доволно за бод.
Во преостанатиот натпревар Штутгарт на гости беше подобар од Слован Братислава со 1:3.