1,1K
На Рубен Аморим не му оди како што очекуваше во Манчестер јунајтед и тимот бележи лоши резултати поради кои се наоѓа на 13-тата позиција.
Последното разочарување за Манчестер јунајтед дојде со поразот од Брајтон од 1:3 на „Олд Трафорд“.
Сега медиумите откриваат дека португалскиот стратег по тој пораз беснеел во соблекувалната.
Според информациите на реномираниот „Атлетик“ бил толку бесен поради лошото издание на своите фудбалери што го искршил екранот на големиот телевизор каде што се прикажуваат формациите пред натпреварите.