Само што доби отказ во ПЛ, му се смешка работа во осмата репрезентација на светот

by 24 фудбал
1 минути читање

Јулен Лопетеги десетина дена откако доби отказ во Вест Хем преговара за нова работна позиција и тоа во репрезентативниот фудбал.

Шпанскиот стручњак би можел да ја наследи клупата на Белгија од Доменико Тедеско по лошите резултати, но и лошите односи со дел од ѕвездите. Лопетеги е една од опциите на „ѓаволите“ за нов селектор.

Освен него, се споменуваат и Тиери Анри кој досега беше помошник, како и Руди Гарсија кој во минатото ги водеше Рома, Лил и Марсеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани