Манчестер сити за 150 милиони договори три засилувања, но една желба на Пеп нема да се исполни

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити како што стојат работите ќе го обележи јануарскиот преоден рок.

Пеп Гвардиола побара а клубот му обезбеди сума од 150 милиони евра за која на „Етихад“ во наредните денови треба да пристигнат: Омар Мармуш (75 милиони евра), Абдукодир Хусанов (40 милиони евра) и Витор Реис (40 милиони евра).

Желба на Гвардиола беше и Андреа Камбијасо од Јувентус, меѓутоа засега изгледа дека овој трансфер нема да се реализира. Како што пренесуваат медиумите засега нема договор помеѓу Јувентус и Манчестер сити.

Шпанскиот стратег сака да го засили средниот ред, па ако нешто не се промени, веројатно ќе бара нови решенија.
Од друга страна: Мармуш пристигнува да биде конкуренција на Халанд во нападот, додека Хусанов и Реис ќе ја засилат одбраната.

Првиот е стопер, додека Бразилецотм оже да игра и како десен бек. Не е исклучено Пеп во вториот дел да игра и во формација со три стопери бидејќи конкуренцијата ќе биде голема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани