Белгија му врачи отказ на селекторот Доменико Тедеско поради лошите резултати во изминатите месеци, тој имаше и кавги со дел од репрезентативците.
Белгија е една од репрезентациите кои се со Македонија во квалификациска група за пласман на Светското првенство, а тоа значи дека тие во Скопје ќе дојдат подновени кога станува збор за селекторот.
Белгија денеска му се заблагодари на Доменико Тедеско за работата во изминатите две години и му врачи отказ.
Тедеско имаше и кавга со Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид одби да игра за националниот тим додека не се промени селекторот.
На последните десет натпревари, Белгија победи само двапати и тоа е главната причина за отказот.
Медиумите од Белгија шпекулираат за нов селектор, едно од најсериозните имиња е Тјери Анри кој му беше помошник на Мартинез кога тој ја предводеше оваа селекција.