1,2K
Сезоната за напаѓачот на Арсенал Габриел Жесус е завршена, па поради тоа во лондонскиот клуб се во потрага по негова замена.
Шпанскиот стратег, Микел Артета наводно веќе и го избрал фудбалерот со кој би сакал да се засили.
Според информациите, желба на Арсенал е напаѓачот на Олимпик Марсеј, Ели Ваи.
Во редовите на Марсеј, Ваи пристигна минатото лето за сума од 25 милиони евра од Лил. Информациите на Арсенал се дека сака да го доведе на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на неговиот договор.