1,4K
Во последниот период во јавноста се шпекулира со иднината на Бразилецот Нејмар.
Според последните информации, бразилскиот фудбалер би можел да ја продолжи кариерата во МЛС, но не во Интер Мајами.
Претходно во медиумите се пишуваше дека Нејмар може да се придружи на своите поранешни соиграчи од Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами, меѓутоа тоа изгледа нема да се случи.
Информациите на „ЕСПН“ се дека овој клуб во моментов нема доволно буџет да го ангажира Меси и како фаворит за неговиот потпис се истакнува Чикаго.