На Мота не му оди: Јувентус со Алегри минатата година во истиот период имаше 15 бода повеќе

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус немаат ниту еден пораз сезонава по 20 одиграни кола во Серија А, но „старата дама“ е далеку од врвот бидејќи има 13 нерешени резултати и на сите им е јасно дека тешко ќе влезе во борбата за Скудетото.

Последното реми избраниците на Мота го одиграа вчера против Аталанта 1:1). Јувентус во овој момент има 34 бода и тоа дури 15 помалку од истата фаза минатата година кога Алегри беше на клупата.

„Јасно е дека не можеме да биде заадоволни од резултатот. Излегуваме на терен да победиме. Игравме добро и создадовме неколку интересни ситуации, но не бевме доволно ефикасни да постигнеме гол“.

„Точно е дека оваа сезона многу пати ремизиравме и не сме задоволни поради тоа. Меѓутоа фудбалерите одиграа добро. Морам да го признаам трудот. Сега не очекува важен тим против одличен тим и мораме добро да се опоравиме“, додаде Мота пред саботниот натпревар против Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани