750
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ не е во плановите на Милан оваа сезона, па клубот, а и тој самиот бараат решение за иднината.
27-годишникот сега има опција да заигра во француското првенство, каде што би соработувал со тренерот под чие менторство блесна своевремено во Ајнтрахт Франкфурт. Се работи за тренерот Адолф Хитер кој во моментов го води Монако.
Клубот од кнежевството би го довел Јовиќ бесплатно, бидејќи тој може да се ослободи од договорот со Милан.
Инаку, Јовиќ имаше најдобра соработка со Хитер од било кој друг тренер. Во периодот од 2017 до 2019 година работеа заедно во Ајнтрахт, а тогаш Јовиќ си избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.