Легендарниот тренер Свен Горан Ериксон почина во август 2024 година и тоа на 76-годишна возраст.
Ериксон беше свесен за својата состојба и пред седум месеци на јавноста и откри дека боледува од рак на панкреасот и дека нема уште многу време ѓивот.
Од тој момент Ериксон се трудеше да поминува повеќе време со семејството и да ги прави работите за кои немаше прилика во текот на животот. Една од нив му исполни Ливерпул со што му дозволи овозможи во ревијален натпревар да ги води легендите на клубот против легендите на Ајакс.
Сега медиумите на Островот објавуваат дека Ериксон починал со долг од десет милиони евра зад себе. Најголемиот долг бил направен во Велика Британија каде што наводно должел 8.5 милиони евра како данок, а неговото семејство одлучило да ја продаде луксузната вила во која Ериксон ги мина последните денови за да го врати долгот.
Имено, повеќе од 11 милиони евра Ериксон изгубил во измама во која влегол поради неговиот финансиски советник Самир Кан. Тој вложил 11 милиони евра со сомнителна работа.
„Навистина не ми беше грижа запарите и тоа еднаш му го кажав на Самир, а тој го сфати многу сериозно и ме натера да ги изгубам парите“, изјави една прилика пред 12 години Ериксон.