Тео Ернандез во Милан сруши рекорд на Паоло Малдини

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Милан денеска го победија Комо со 2:1 во италијанската Серија А, а овој натпревар посебно значење ќе има за Тео Ернандез.

Ернандез беше стрелец на еден од погодоците за Милан и со тоа дојде до бројката од 30 голови што е најмногу кога дефанзивиците се во прашање. Рекордот досега го држеше Паоло Малдини кој во дресот на „росонерите“ постигна 29 гола.

Преоснатиот гол во денешниот дуел за Милан беше дело на Тео Ернандез. Екипата на Милан во овој момент се наоѓа на седмото место на табелата со 31 бода, додека Комо е 16-ти со 19 бодови и само еден повеќе од опасната зона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани